По повод  52- годишнината од постоењето на НП Гличица, Еколошкото друштво “Јагода“ и јавната установа Национален парк традиционално распишаа конкурс за литературни и ликовни творби на тема “Ја сакам Галичица“, на кој учествуваа ученици од основните училишта во општината.


На конкурсот за литературни творби  прва награда освои Магдалена Симоноска, ученичка во ОУ“Св.Климент Охридски“, а втората награда и припадна на  Марија Симоноска исто така ученичка на ОУ“Св.Климент Охридски“.


На конкурсот за ликовни творби прва награда освои Марија Симоноска – ОУ“Св.Климент Охридски“, втората награда и припадна на Оливера Буџакоска – ОУ“Св.Климент Охридски“, а третата на Ивана Симоноска ОУ“Св.Наум Охридски“ – Пештани.

 

Наградите на добитниците им беа врачени на свеченост што се одржа во ОУ “Св. Климент Охридски“.

OhridNews