Ученици, родители и наставници од ОУ „Кочо Рацин” од село Ивањевци- Могила и  охридското основно училиште „Кочо Рацин” деновиве беа дел од работилницата „ Неколку езерски тајни“.

Целта на одржувањето на работилницата беше унапрдување на свеста и навиките за почит и негување на природните убавини и културно- историското наследство на нашата земја.

За време на овие креативни работилници учениците имаат можност да слушнат повеќе легенди,  за народната староградска песна, вежбаат усогласување на движење, ритам и текст, креирање и изведување кореографија на песна, заедно да креираат нови идеи за искористување на отпаден и природен материјал за создавање нови производи.

Учесниците имаат можност и да се запознаат со Легендата за настанувањето на градот Охрид, Легенда за Билјанините извори и како настанал единствениот охридски чун , со тајната за изработката на единствениот охридски бисер, подводниот  свет, како и со изработката на сувенири од природни материјали и пренамена на отпад.

OhridNews