Со резолуцијата на Генералното собрание на Обединети Нации, 6 Април е прогласен за Меѓународен ден на спортот и мирот. Преку спортот се искажуваат највредните особини кај лугето, како што се истрајноста, почитување на дисциплината и личниот интегритет и фер-плеј.

Спортот има единствена моќ да ги мобилизира,привлече и инспирира луѓето ширум светот. Тој не инспирира да ги надминеме сопствените граници. Спортот го јакне карактерот на поединецот и може да послужи како моќно средство за одржлив развој. Тој е универзален јазик и моќно средство за постигнување мир. Спортот може да ги поврзе луѓето, а етничките, верските и економските поделби да паднат во сенка заедно со предрасудите,стравот и недоразбирањето.

Редовната физичка активност и игра се неопходни за  физички,ментален,психолошки и социјален развој. Истражувањата покажуваат дека добрите навики се развиваат рано и физички активните деца веројатно остануваат активни и кога ќе пораснат.

За таа цел се превземаат  активности за достојно одбележување на самиот ден по иницијатаива на советникот по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности при Бирото за развој на образованието Марјан Бошалевски, a во соработка со локалната самоуправа директорите на  основни и средни училишта, Сојузот на училишен спорт и спортските клубови од град Охрид ќе спроведат повеќе активности за одбележување на истиот.

Распоред :

1. Реализирање на спортски активности во Основните и Средни учичишта.
   
2. Велосипедска рекреативна тура со старт од пред ОСУ„Св.Климент Охридски“
   
3. Дво-часовен слободен термин за ученици и рекреативци во Спортски центар ИБ-Фитнес.
   
4. Рекреативни натпревари помеѓу спортските клубови
   
Стари и млади,родители и деца спортувајте,рекреирајте и бидете дел од овој настан бидејќи спортот е  предуслов за здрава и продуктивна нација.

Ohridnews