Основниот суд во Охрид денеска донесе пресуда за глисерската несреќа која се случи на 22 август 2009-та година, во која загина скопјанката Ирина Романова – Муцунска.

Судот го осуди обвинетиот Христијан Шапкар на казна затвор во траење од 7 години, за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

OhridNews