Градот Охрид се мобилизира на сите полиња за помош на 12-годишната Ева, на која и се потребни средства за лекување во Турција. Еден таков хуминатарен настан се случи денеска во организација на Основните и Средните училишта кои организираа турнир во баскет.
На турнирот учествуваат над 200 дечиња, а победник е Ева која доби голема поддршка од учениците од охридските училишта. Хуминатарната програма ќе продолжи вечерва со продажна акција во ОУ „Св. Климент Охридски“.
За викендов се најавени голем број културно уметнички настани се со цел за помош на Ева. 12-годишната Ева боледува од тумор на мозокот и неопходни и се средства за лекување во Турција.
OhridNews