Вложениот труд на учениците од IV-2 и нивната одделенска наставничка Љубица Чифлигароска од ОУ “Кочо Рацин“ Охрид за изработка на детски ликовни творби во овие четири години на Државната изложба на детски ликовни творби на тема “Народната култура трајна инспирација во моето творештво”, што се одржа во Битола, резултира со најголемото признание на ликовното поле.
Жири комисијата од овој детски ликовен конкурс им додели Диплома – Специјална награда за континуирано четири пати по ред добиена награда за најдобра колекција – Диплома на лнаставникот Љубица Чифлигароска – специјална награда и Диплома на ОУ „Кочо Рзцин“ – Специјална награда.
Жири омисијата со поединечна награда за најуспешна ликовна творба на изложбата ја награди ученичката Надица Тасеска со која доби Диплома за најдобар цртеж – прво место.
OhridNews