По повод Денот на гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид заедно со учениците од подрачното училиште во населба Рача се вклучи во кампањата на Црвен крст Охрид.
-Учениците покрај тоа што донираа прехрамбени производи кои не се лесно расипливи, донираа и средства за хигиена. Иако исхраната е една од основните човекови потреби сепак недостигот од неа се уште е проблем. Голема е симболиката на дарувањето, а учениците на овој начин се поттикнуваат на хуманост и градење на вистински човечки вредности. – информираат од ОУ „Григор Прличев“.
OhridNews