Новата агенција основана во Лоѓ (Полска) им ветува на полјаците крај на повеќечасовното чекање и нервирање во редови кога мораат да завршат некоја работа кај државните чиновници.

Четворица невработени граѓани на Лоѓ, решиле со чекањето во редови пред општината и други институции наместо сограѓаните кои немаат време или нерви за тоа, повеќе да не работат „на диво“, и основале специјализирана агенција.

Под мотото „изнајмете човек да чека место вас“ агенцијата нуди, на пример, да за 26 евра ја помине процедурата за регистрација на возило, а чекач може да се изнајми и само да отстои на неколку часа од рани зори со додека не дојде на ред. 

Огромната бирократија во државната управа им задава главоболки не само на полјаците туку и на чесите и на словаците и во сите три земји, а посебно во главните градови, има луѓе кои заработуваат за живот со чекање во редови.

Како стојат кај нас работите со бирократијата, ако некој се сети да отвори ваква агенција, бизнисот ќе му цвета.

J.M.