Еден старец кој имал 96 години основал партија која се залага за правата на студентите и има намера да со неа да учествува на следните парламентарни избори во Израел. Дов Перлман, кој се запишал на студии по информатика во Емек, на северот на земјата, според пишувањето на дневникот „Izrael Hajom“, веќе собрал 759 потписи за основање на партијата. Дов, кој веќе има и правнуци, за медиумите изјавил дека студентите мораат да бидат влијателна интересна група во изборите.
Додал дека тие се рамнодушни и немаат никаква визија. Смета дека им бил потребен некој кој ќе ги разбуди и усмери во вистнскиот правец. Перлман, кој во 1936 година емигрирал од Полска во Израел, е оженет 67 години со својата сопруга Ханија, која е само пет години помлада од него. Парот имал три ќерки, 11 внуци и 1о правнуци.