Марк Закерберг, основачот на друштвената мрежа фејсбук, конечно го променил статусот на својот фејсбук профил. Имено, тој напишал дека е „во врска“ со Присила Кан, неговата долгогодишна девојка која ја запознал додека сеуште била на студии на Харвард.
Марк, кој долго не внесувал никакви приватни информации во својот налог на фејсбук, од неодамна почнал да биде поотворен и покрај тоа што во февруари бил жртва на човек кој го прогонувал преку интернет. Се претпоставува дека по промената статусот можеби ќе следи веридба, а после тоа и венчавка.