Фудбалскиот клуб Охрид, на 6 август (понеделник) во малата сала од Општина Охрид со почеток во 19 часот ќе одржи Основачко собрание на кое ќе бидат одбрани структурите на клубот.

На Основачкото собрание ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани лица, спортски работници и поранешни фудбалери и луѓето од медиумската фела.

Инаку, ФК Охрид ги започна подготовките за новата сезона во Третата лига, а успеа и да победи на турнирот „Воска 2018“, кој изминатиот викенд се одржа на стадионот „Грашница“.

OhridNews