Основачко Собрание на федерацијата за хокеј на трева ќе се одржи денеска во Охрид. На собранието ќе биде извршен избор на раководните органи на федерацијата чие седиште ќе биде во Охрид.
Неодмна Охрид и Република Македонија го добија првиот регистриран клуб за Хокеј на трева-“Стик 2007”. На почетокот од ноември се одигра натпревар помеѓу кллубот за хокеј на трева при Софискиот државен универзитет и студенти и тренери од Факултетот за физичка култура-Скопје, што веројатно е и првиот одигран меѓународен меч во хокеј на трева во Република Македонија.
Иако овој спорт е недоволно познат кај нас, сепак изненадени сме од интересот на децата на тренинзите кои се оддржуваат во салата на О.У. Христо Узунов. Се надеваме дека со добра работа со најмладите категории деца, во иднина ке создадеме база за постигнување на позабележителни резултати. Планираме од на пролет да почнеме со посета на интернационални кампови, каде што покрај приофесионалните тренинзи на екипата, стручно ќе се доусовршуваат и тренерите, кои се дипломци на Факултетот за физичка култура и поседуваат лиценци за тренери.-истакнува Јован Лотески, претседател на „Стик 2007“.
Г. Момироски