– Оваа година обележуваме еден јубилеј, многу значаен за жените, но и за општеството во целина. Во далечната 1910г. на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената. Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството. Благодарение на таа одлука денес жените ги уживаат човековите права. Благодарение на таа одлука веке од наредните години, во календарот на светските празници се внесува 8-ми Март, како мегународен ден на жената. –рече во своето обраќање г-ѓа Лидија Стојановиќ, претседател на Локалниот клуб на жени на СДСМ-Охрид.
Таа нагласи дека од тогаш па наваму не е постигнато многу за да се подобрување на статусот на жените и години наназад на 8-ми март се слават само успесите на претходничките, а за правата на жените се говори само на овој празник.
– Овој датум е да се потсетиме на историјата и на вековнита борба за се она што ние денес го уживаме. Овој датум е вистински момент да направиме просек на се она што сме постигнале и да направиме план за нашите идни предизвици на полето на унапредување на нашите права и пред се за почитување и зачувување на веќе стекнатите.-нагласи Стојановиќ, набројувајќи ги сите пропусти во македонската законска регулатива, поради кои жените не ги уживаат сите права на современото општество.