8 Март-Меѓународниот празник на жената во Охрид ќе биде одбележан со повеќе културни манифестации. Свеченостите ќе отпочнат со концерт на основците од музичкото училиште “Методи Патче” што ќе се одржи во 19 ч. во салата на училиштето.
Чествувањата по повод 100 години од почетокот на борбата за женски права ќе продолжат утре вечер во 18ч. со изложба и поетско читање што по 13 пат ќе се одржи во организација на Женскиот центар “Бисера“.
Свеченостите по повод 8-ми март ќе бидат заокружени со настапот на актерката Јоана Поповска која утре вечер во 19 ч во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе монодрамата „Љубов моја“.
ohridnews