По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Александар Петрески до сите припаднички на понежниот пол, упатува честитка.

-Во изминативе сто години од кога се прогласува 8 Март за Меѓународен ден  на жената, Вие не само што ја достигнавте социјалната еднаквост, туку во современото општество претставувате, најмалку, рамноправен партнер и двигател на сите општествени збиднувања. Денес современата жена во многу нешта предничи пред мажите и се повеќе се наметнува во општествената хиерархија на донесување на одлуки, а улогата на мајка и сопруга и понатака останува исконска вредност и предност пред машкиот пол. Со убеденост дека и во иднина жените остануваат нашите најблиски соработници, партнери и сопатници и еднакви во разликите, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод 8 Март.-се вели во честитката.

OhridNews