Децата секогаш сонуваат да постанат ѕвезди, но многу малку од нив постануваат. На детските фестивалчиња можеби „тлее“ некоја идна сјајна ѕвезда, но пред се`, најважна е забавата. Фестивалчето „Распеано рибарче“ во саботата ја имаше својата главна вечер (претходниот ден имаа две претстави децата од сите основни училишта во Охрид).
На фестивалчето настапија многу деца, преку сто. Дваесетина пееја свои песни, останатите беа во балетско- хорскиот дел на сцената. Фестивалот беше убаво „обоен“, бината добро осветлена, а озвучувањето квалитетно. Песните кои беа специјално направени за децата имаа модерен призвук и беа пријатни за слушање. Единствено што малку пречеше е нашата „класика“, публиката нон-стоп се прешетуваше и не можеше да отседи час и половина приредба.
Никола Петкуќески
Менаџерот на фестивалот, Никола Петкуќески, скоро половина година интензивно заедно со своите соработници го спрема овој детски фестивал кои годинава го имаше своето осмо издание. „Се трудиме од година во година да биде се` подобро и подобро, иако организирање фестивал воопшто не е лесна работа“ вели Петкуќески.
С. Костоски