Седум од осумте патници во 1/4 финалето на Купот на РМ се познати.

Последниот осми патник ќе го дознаеме попладнево кога на Билјанини ќе се судрат Ренова и Вардар.

Првиот натпревар на Градски заврши без победник 1-1, денес еден тим ќе се радува додека за еден од тимовите ќе биде затворена вратата за излез во Европа преку националниот куп.

Токму минатата сезона откако Вардар не доби “работна“ дозвола од ФФМ за настап во Европа, тоа место го искористи Ренова.

Првенствениот натпревар помеѓу овие две екипи го доби Вардар со 3-1, но натпреварот остана запаметен по инцидентите внатре и надвор од Градскиот стадион во Скопје.

Поради слабата организација на мечот Вардар доби суспензија од 4 меча без публика.

М.П.