Филмот „Хари Потер и даровите на смртта 2“, последното продолжение на филмската сага за малиот волшебник, заработил низ светот повеќе од милијарда долари. Осмото, воедно и последно продолжение на филмскиот серијал е и единственото кое ја достигнало таа волшебна бројка, надминувајќи го претходниот рекордер „Хари Потер и каменот на мудроста“ кој во 2001 година на благајните во кината заработил 974,8 милиони долари.
Апсолутниот рекорд по меѓународна заработка моментало е во рацете на научнофантастичната приказна ‘Avatar’ од 2009 година, која од продажба на влезници низ светот вкупно заработила 2,8 милијарди долари, најмногу во историјата на филмската индустрија.