Во Општинскиот фудбалски куп на програмата се три осминафинални пресметки по кои ќе се комплетираат четвртфиналистите.
Екипата на Рудар пред своите гледачи ќе се сретне со Илинден додека Лакочереј ќе ги одмери силите со Св. Петар, а Славеј ќе се судри со Злести.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија Вапила и Воска кои беа подобри од Волино односно Дебрца.
Екипата на Вулкан, која се натпреварува во Третата лига се вклучува директно во полуфиналните натпревари.
Мх.П.