Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес конференција наменета за соработката со ЕУ за справување со пандемијата на Ковид-19, најпрвин истакна дека синоќа од Брисел стигнала добра вест, односно отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.
- Доцна вечерта од Брисел добивме информација дека, во вакви невообичаени услови, претставниците на земјите членки постигнаа консензус за отпочнување на преговорите за Северна Македонија, едногласно сите 27 земји. Конечно после 15 години, после сите разлики, почнуваме со преговорите, рече Османи.
Тој додаде дека почетокот на преговорите е безусловен, и дека сепак треба да се почека да добиеме и формална потврда.
OhridNews