Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Полска Збигњев Рау и на Шведска Ан Линде, денеска на на полско-украинската граница ќе имаат средба со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Тие ќе го посетат и прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.

Посетата на тројцата министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани. Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната, соопштија од МНР.

OhridNews