Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Утрово првите наши граѓани кои вчера беа на аеродромот во Кабул слетаа во Доха и се очекува истите да бидат транферирани во Кувајт. Понатамошниот нивен транпорт кон земјава е неспорен и тие се на безбедно надвор од Аганистан. Малку подоцна во Абу Даби слета и вториот авион каде според послените информации се наоѓаа 25 наши граѓани и нивниот пат продолжува за Лондон, рече Османи.

Дополнително утрово се упатени и 19 наши граѓани кои вчера беа во базата на НАТО и истите се веќе на пат за Доха каде наскоро треба да слетаат. Оттаму, нивниот пат за дома е безбеден и непсорен.

Според последните информации на терминалите на аеродромот во Кабул нема наши граѓани кои чекаат да бидат евакуирани. Во НАТО базата во Кабул, која е буквално залепена до аеродромот, се наоѓаат уште 14 наши државјани. Според последните информации, 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација, а само уште тројца наши граѓани остануваат да ги вршат своите обврски во базата и ќе бидат евакуирани заедно со војската“, порача Османи.

OhridNews