Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал.

Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР.

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи.

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи.

Османи истакна и дека договорите со Бугарија секогаш биле дел од рамката.

Кажуваа дека договорите влегле во оваа рамка. Не е точно. Договорите секогаш биле во секоја варијанта на рамката, откога постои рамка, откога постои разговори меѓу нас и ЕУ. Значи првата лага во овој пакет, бидејќи сакам така да ги демантираме едно по едно е дека има нешто договорите со Бугарија биле внесени во рамката. Не е точно. Секогаш биле во рамката, рече Османи.

Министерот потенцира дека за јазикот сите шпекулации дека има фуснота, сите шпекулации дека има какви било квалификации во рамката, се неточни и лажни.

Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката, некој тука ќе каже да, ама јас имам мислење. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици, рече Османи.

OhridNews