Досега нема информации дека е повреден некој од македонските граѓани кои останаа во Украина.
Нашата амбасада во Киев се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле земјата, но од денеска тоа ќе оди и потешко, бидејќи се прекинати комерицијалните летови, изјави за ТВ 24 министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Нашиот амбасадор таму е со екипата и како се активираа алармите за воздушни напади, дадов инструкција да ја напуштат земјата и да одат во соседните држави. Тој моментално е во скривница. Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата. Немаме информации дека некој е повреден. Мапиравме 100 граѓани таму, од кои некои се семејства на наши државјани, а 30 се во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и тие се под аранжман на генералниот секретаријат на ОБСЕ, 12 ја информираа амбасадата дека ја напуштаат земјата. Ако има позитивен момент во ова е дека сме членка на НАТО. Одлуките ги носиме врз база на навремени квалитетни информации. Целосно сме вклучени во сите тела и ја нудиме и нашата контрибуција, рече Османи.
Проценки на УНХЦР: Околу 100.000 Украинци ги напуштија своите домови, неколку илјади бегаат во странство
Неколку илјади Украинци преминаа во соседните земји, главно во Молдавија и Романија, додека околу 100.000 ги напуштија своите домови во земјата по руската инвазија, нагласија од Агенцијата за бегалци на ОН.
Шабија Манту, портпарол на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), рече дека бројките се собрани од извештаите на националните власти и нивниот персонал и партнерските агенции.
Тоа е неверојатна цифра, изјави таа за западни медиуми.
OhridNews