Тренерот на тетовските “сино бели“, Ќатип Османи го одбра Охрид за дестинација каде ќе ја  крева формата за пролетниот дел од сезоната. “Гипсарите“ првата полусезона во елитата ја завршија на деветтата позиција, што е далеку од очекувањата на клубот.


– Подготовките ги почнавме најбрзо од сите екипи во Првата македонска фудбалска лига затоа што не бевме задоволни од резултатите постигнати во првата полусезона. Припремите во Охрид ни течат по планот, немаме проблеми со повредени фудбалери и се надевам дека ќе ја поправиме играта која ќе ни донесе подобри резултати во вториот дел од сезоната – потенцираше тренерот на Ренова, Ќатип Османи.


Во зимскиот преоден рок тимот од Џепчиште беше активен доведувајќи нови пет имиња во своите редови. “Гипсарите“ најмногу се засилија во нападот со Изаир Емини и Ерсен Сали додека другите тројца фудбалери Бурим Садику, Менсур Идризи и Висар Муслиу дејствуваат на средината од теренот.



– Фудбалерите кои ја засилија екипата во зимскиот преоден рок се доста квавалитетни и од нив очекувам да ја подигнат играта на едно повисоко ниво –
заврши Османи.

Мх.П.