Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко. Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.

Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените, наведе Османи на твитер.

Сочувство во врска со силниот земјотрес што синоќа го потресе Мароко и во кој животот го загубија најмалку 632 лица изразија и светските лидери Педро Санчез, Емануел Макрон, Владимир Путин, Володимир Зеленски, Олаф Шолц, Реџеп Таjип Ердоган и уште многу други.

OhridNews