Аргентинецот Лионел Меси по рекорден осми пат во кариерата ја доби наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во изминатата година, додека признанието во женска конкуренција го освои фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка Аитана Бонмати.
Престижната награда на француското списание „Франс фудбал“ му беше врачена на Меси на гала свеченост во Париз како признание за успесите на репрезентативен и клупски план во 2022 година. Меси лани на Мундијалот во Катар ја освои светската титула со Аргентина и беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кој постигна седум голови и додаде три асистенции. Аргентинскиот играч за врска со ПСЖ ја освои титулата во Франција, придонесувајќи со 21 голови и една асистенција помалку на 41 натпревари.
За наградата „Златна топка“ во конкуренција беа и норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, неговиот клупски колега и белгиски репрезентативец Кевин де Брујне и напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација Килијан Мбапе.
Португалецот Кристијано Роналдо кој е втор на вечната листа добитници на Златната „топка“, со пет признанија, не беше меѓу номинираните.
Годишни награди на „Франс фудбал“:
Најдобар фудбалер – Лионел Меси
Најдобра фудбалерка – Аитана Бонмати
Најдобар голгетер – Ерлинг Халанд
Најдобар млад фудбалер до 21 година – Џад Белингем
Најдобар голман – Емилијано Мартинез
Најдобар тим – Манчестер сити.
OhridNews