Кајакарскиот – кану Клубот „Стрмец“ од Охрид е организатор на осмата меѓународна кајак-кану регата на мирни води што ќе се одржи од 14. до 16. август.
Кајак – кану регатата „Охрид 2009“ се организира по повод 83 годишнината од формирањето на Клубот, а свеченото отворање е в сабота, на 15. август во 9 часот на кејот пред х. „Палас“.
Покрај домаќинот „Стрмец“ своето учество го потврдија уште девет клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Словенија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com