Опуштањето е најдобро во када, но кога за тоа немате време, можете и обичната туш кабина да ја претворите во вистинска анти-стрес зона на задоволство.
Стресот најдобро се решава со вода, тоа го знаат сите кои влегле во мирисна топла када полна со меурчиња и пена и се опуштале некое време. Но, забрзаниот ритам на живот не ни дава често прилика за такво нешто, па треба да најдеме заменска варијанта.
Ако немате време за во када, направете си своја оаза на задоволство во туш кабината. Не ви треба многу-запалете по некоја мирисна свеќа, а светлото нека остане згаснато.
Во туш кабината можете да врзете гранка од свежа лаванда или рузмарин, бидејќи од пареата ќе почнат да ги испуштаат своите ароматнични масла и прекрасен мирис кој ќе ви ги опушти сите сетила.
Се разбира не е лошо ни да запеете, бидејќи пеењето докажано го намалува нивото на стрес.
Се на се, неколку минути во туш кабина може да бидат одлично искуство!
извор:metro-portal.hr