Децата, кои беа киднапирани како заложници во филипинската престолнина Манила, попладнево се ослободени, откако киднаперот – Амандо Дукат, директор на нивната детска градинка, се согласи да ги пушти.

Во замена за ослободувањето на децата  властите го прифатиле барањето на киднаперот, медиумите да го пренесат моментот на неговото предавање.


32 деца се грабнати во Манила денеска

Киднаперот инаку барал  бесплатно домување и школување за 145 деца, кои во текот на денот престојуваат во установата што ја води и  дом за деца во сиромашен кварт на градот.

Заложничката драма, според агенциските извештаи, започна изутрината откако двајцата вооружени со автоматско оружје и гранати го киднапираа автобусот во кој имало 32 деца и двајца наставници.

Г.М.