Талибанците денеска го ослободија македонскиот државјанин, Ирфан Сулејмани, кој заедно со тројцата колеги од Меѓународниот комитет на Црвениот Крст, беше киднапирани неделава во Авганистан.

Ослободените се во добра здравствена состојба, рече висок полициски функционер во Авганистан за агенцијата Асошиетед прес.

Четворицата, еден од Мианмар, Македонецот и двајцата Авганистанци беа киднапирани во средата во провинцијата Вардак додека се обидуваа да издејствуваат ослободување на еден заложник Германец.

Засега нема информации за судбината на Германецот.