Најефтин град во светот е Бомбај во Индија, а потоа следуваат јужноафриканскиот Кејптаун и полската престолнина Варшава. Титулата најскапи градови на светот ја понеле четирите нордиски престолнини, на чело со Осло, а потоа следуваат Копенхаген, Стокхолм и Хелсинки.

На основа на годишната анкета која ја спровел сајт кој се бави со споредувањето на цените на 25 производи и услуги во 32 града, најефтини градови во источна Европа се Вилнус и Прага, во кои цените се во просек 20 проценти поефтини отколку во Париз. Париз е седми најскап град на светот, и еден од најскапите во Европа, следен од Москва, Берлин и Будимпешта. Во подалечните дестинации, меѓу најскапите градови на светот се Дубаи, Сан Франциско и Шангај.