Видно ослабениот Мајкл Даглас кој болува од рак на грлото не се откажува од посетите на синот Камерон кој се наоѓа во затвор, па еднаш неделно патува по три часа за да го посети.
Извор близок на актерот рекол дека долгото возење го исцрпува актерот, но сепак никој не можел да го спречи во неговата намера. Даглас, како што изјавил неговиот портпарол, добро закрепнува и повеќе нема да мора да оди на хемотерапија. Најстариот син на актерот бил осуден на пет години затвор поради продавање на дрога.