Репрезентацијата на Словачка која на последното СП заврши како 16 -то пласирана на стартот на квалификациите ќе настапи без своите двајца најдобри напаѓачи Роберт Витек и Станислав Шестак, кои не ги санираа повредите два дена пред дуелот.
Витек и пресуди на Италија
Напаѓачот на турскиот Анкарагучу со 23 гола е најдобар стрелец на сите времиња во дресот на националниот тим. На последното СП постигна дури четири погодоци, иако Словачка играше само до осмина-финалето.
Во нивно отсуство нападот ќе го предводи голгетерот на Жилина од домашниот шампионат, Томаш Оравец.