Очајната Мерион Корнс имала 98 килограми. Ниту личниот тренер, ниту диетите, ниту таблетите за слабеење не и помогнале да ослаби. На крајот се одлучила на хипноза со која ја увериле дека и го подврзале желудникот. Ослабела 25 килограми за четири месеци. Во шпанската клиника со хипноза симулирале операција на желудникот.


Мислејќи дека сега желудникот и е со големина на топче за голф, сита е после малку јадење. Вели дека е чудно, но дека се сеќава на секоја ситница од операцијата. Оваа клиника и ја препорачал еден пријател на кој хипнозата му помогнала да се одвикне од пушењето.