Англичанката Сузи Гибс тврди дека за еден месец изгубила шест килограми така што сонувала дека вежба во теретана. Кога лекарите и рекле дека мора да изгуби 20 килограми, таа побарала помош од хипнотерапевт, бидејќи не сакала да вежба. Вели дека на почетокот имала три хипнотерапии при кои замислувала дека вежба со тегови.


Секоја вечер слуша ЦД за хипноза, што и помогнало да го забрза метаболизмот и побрзо да ја согорува храната. После неколку месеци започнала навистина да вежба и ослабела 22 килограми. Пред терапијата имала 92, а сега има само 70 килограми.