Пол Масон од Ипсвич, Велика Британија, кој едно време бил најдебел човек на светот, ослабел и сега им се додворува на две жени. Масон дневно внесувал по 20 илјади калории во организмот, што е осум пати повеќе отколку што му е потребно на просечен човек. Даночните обврзници за 15 години за негова нега платиле околу еден милион фунти.


Пол неодамна ослабел 126 килограми, и сега е повторно подвижен. Пред тоа имал 378 килограми. Нему очигледно му пораснала самодовербата и сега почнал да излегува со Труди, жена која му пишувала откако прочитала за него во весниците, бидејќи и самата имала проблеми со тежината. Истовремено и се додворува и на Лореин, за која еден негов пријател му рекол дека е драга и грижлива.