Крис Колсон од Квинтон, Вирџинија (САД), во изминатите 6 месеци изгубил околу 35 килограми хранејќи се во Мек Доналдс. Јадел речиси се освен Биг Мек, пржени компирчиња и чоколадни шејкови. Се разбира, најмногу јадел салати.


Висок е 1.80м , и од 125 кг паднал на 90 кг. Обемот на струкот му се намалил за дури 7 конфекциски броја. Деловниот човек го избрал Мек Доналдс бидејќи му бил најпрактичен. Сака за десетгодишнината од бракот на својата сопруга да и биде шармантен сопруг со 83 килограми како на денот на венчавката.