Лазаров кој е најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, со 92 постигнати гола, капитенот кој ја предводеше Македонија до 11 место на Мудијалот во Хрватска, ги доби наградите за спортист на годината и најуспешен македонски спортист во странство.
Примајќи го признанието од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Кире Лазаров му порача: – Вложувајте во спортот ние двојно ќе ви вратиме.
Освоениот сребрен медал на Европското првенство во Хрватска и златниот медал на Европското универзитетско првенство во Шпанија, на каратистката Наташа Илиевска и го донесоа “Спортскиот оскар 2009“ за најдобрата спортистка на нашата земја.
Женската ракометната репрезентација на Македонија е најдобра женска селекција на нашата земја за 2009 година.
Најуспешен тренер / селектор за 2009 година е Илија Темелковски, кој не го криеше задоволството од добиеното признание. Најуспешна спортска федерација во годинава која изминува е Ракометна, на која и се препишува успехот од учеството на машката селекција на СП во Хрватска со освоеното 11 место.
Сеќавајќи се на долгогодишниот спортски работник и еден од пионерите на кикбоксот, Љупчо Неделковски, кој за жал повеќе не е меѓу нас, му беше доделен Оскарот за животно дело.
Спортскиот оскар за млад спортист за 2009 година му беше доделен на каратистот Берат Јакупи. Статуетката за млада спортистка на годината замина во рацете на членката на женскиот фудбалски клуб Неготино, Наташа Андонова.
Признанија им беа доделени и на најуспешниот спортист со телесен инвалидитет, најуспешна спортска екипа од основните и средните училишта и спортска екипа од универзититетите.
15-годишниот пливач, Андреј Стојановски е нашиот најуспешен спортист со телесен инвалидитет, признанието за најуспешна спортска екипа од основните училишта отиде во рацете на надежите од ОУ Крсте Мисирков од општина Гази Баба, додека статуетката за најуспешна спортска екипа од средните училишта замина во витрините на СЕУО Гостивар од општина Гостивар. Признанието за најуспешна спортска екипа од универзитетите му беше доделено на машкиот карате тим при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, во негово лично име и во името на македонската спортска јавност им се заблагодарам и им даде посебно признание на двајца врвни спортисти.