Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри триумфираше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија што се возеше синоќа на патеката во Џеда. Тој прв ја мина целта со време 1:21:06.758, втор беше Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 2,84 секунди, а трет беше Ландо Норис кој заостана 8,10 секунди, но но извози најбрзиот круг (1:31.778).
Верстапен стартуваше од пол позицијата но во борба за врвот со Пијастри на првиот свиок тој направи нелегално движење надвор од патеката за што беше казнет со 5 секунди што на крај го чинеше победа.
Пијастри со овој триумф го презеде водството и во генералниот пласман на возачи со 99 бода, десет повеќе од клупскиот колега Ландо Норис кој има 89. Трет е Верстапен со 87.
Следната трка се вози во Мајами, САД, на 4 мај.
Г.М.