Шампионот во категориите ВБА, Супер, ИБФ и ВБО Ентони Џошуа остана без договорен меч откако неговиот противник Џерел „Биг бејби“ Милер паднал на допинг тест.
Популарниот боксер „Биг бејби“ бил позитивен на супстанцата „ГВ1516“ на тестот кој му бил направен пред еден месец.
Борбата помеѓу Џошуа и Милер требаше да се одржи на 1 јуни во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. „Биг бејби“ ќе се соочи со суспензија, а ќе остане без договорената сума за боксерскиот натпревар.
Светската боксерската асоцијација веднаш се впушти во офанзива да му најде противник односно предизвикувач на Џошуа.
OhridNews