Како дел од Програмата за развој на туризмот, Оштина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, согласно условите на Јавниот повик за изработка на овој стратешки документ, кој беше објавен во 2020 година, информира локалната самоуправа.

Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот. Документот е во согласност со основните принципи на УНЕСКО за заштитени подрачја, со националното законодавство за управување со заштитени подрачја како и со други погранични и регионални стратегии и планови за управување со природни ресурси.

Развојот на Охрид како најпривлечна туристичка дестинација се темели на долгата традиција, посветеноста на менаџментските структури во управувањето со општината, засегнатите страни вклучени во оваа дејност и условите кои подразбираат поврзаност на атрактивната и рецептивната развојна основа. Одржливиот развој на туризмот во оваа туристичка дестинација има посебно значење затоа што ресурсите за развој се со изразита димензија. – пишува, меѓу другото, во Стратегијата за развој на туризмот во Охрид.

Одржливиот туристички развој треба да се прифати како дејност во која вреди да се инвестира, да се прецизираат придобивките од неговиот развој, да се подобри интересот на домашната и меѓународната јавност и да биде фундамент врз кој ќе се донесуваат други акти, планови и програми, се наведува во документот.

Стратегијата треба да придонесе за подобрување на квалитетот на живеење, подигање на нивото на задоволство од престојот на посетителите, перманентно унапредување на квалитетот на услугите, освојување на нови вредности, подобрување на промотивните активности и ширење на доменот на насоченост на туристичката понуда, пишува меѓудругото во апстрактот на драфт верзијата од новата Стратегијата за развој на туризмот.- стои во Стратегијата.

Во наредниот период траба да биде спроведена процедура за Оцена на влијанието врз животната средина на овој плански документ, по што ќе биде објавена целосната и финална верзија на стратегијата, соопшти Општина Охрид.

OhridNews