Патот за Велестово на места е поткопан и прекриен со песок и камења како последица од невремето проследено со пороен дожд, што викендов го зафати Охридскиот регион.
Граѓаните кои секојдневно поминуваат тука велат дека на делови од патот не можат да се разминат ни две „фиќа“.
Во дописот испратен до нашата редакција, мештаните прашуваат дали и кога ќе се санира овој потен правец кој со изградбата на Велестово и населбата Рача стана мошне фрекфентен и што е со ветувањаста на Локалната самоуправа дадени во март 2015 дека се обезбедени средства за негова рехабилитација. Додаваат дека тогаш механизацијата по поставениот асфалт од неколку стотини метри се повлекла, а најголемиот дел од патот и натаму е со дупки и оштетувања, кои по неодамнешното невреме сега се поголеми.
OhridNews