Надлежните од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, денеска започнаа акција за замена на оштетените и нагрдени сообраќајни знаци низ охридските улици.

Најпрво се менуваат знаците на улицата „Димитар Влахов“ каде речиси и да нема знак кој не е уништен од лепенки или испишан со спреј. Градските власти најмалку еднаш во годината вршат замена на ваквите сообраќајни знаци од причина што истите не се прегледни и јасни за учесниците во сообраќајот.“ – велат од општина Охрид.

Оттаму потенцираат дека промената на вертикалната сообраќајна сигнализација, која е последица на неодговорното однесување на поединци, претставува дополнителен товар за буџетот на општина Охрид.

Тие апелираат до охриѓани да се воздржуваат  од вандалските чинови на свесно уништување на сообраќајните знаци. 

OhridNews