Отстранети старите и оштетени клупи од градскиот парк. Како што информираат од Општина Охрид истите ќе бидат заменети со нови.

Во моментов се работи на замена на оштетените клупи со нови. Во овој момент нови клупи ќе се поставуваат само на место од веќе оштетените. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, посочуваат.

Нови клупи досега се поставени само на влезот на градскиот парк од страната на плоштадот.

Н.С.Ј.