Вандали оштетиле три клупи кај Билјанините извори. Инцидентот се случил деновиве, а искршените клупи се надвор од употреба. Вакви немили сцени ова лето во Охрид има многу. Претходно непознати сторители ги осквернавија спомениците на Св. Климент и на Св. Кирил и Методиј, како и репликата на охридската куќа, пристаништето и повеќе фасади во центарот на градот.


Оштетени три клупи кај Билјанини извори

OhridNews