И покрај бројните апели до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите, забележно повторно оштетување на садници на патеката од кај каналот Студенчишта до “Горица”.
Како што може да се забележи садниците од цвеќиња се откорнати и фрлени на патеката.
Ова не е првпат да се забележи вакво непримерно однесување со кое се нагрдуваат јавните зелени урбани површини, како и оштетување на урбана опрема.
OhridNews