Возило ноќеска ги оштетило рампите кои го регулираат влезот во строгиот центар на градот, поставени во близина на поштата.

Како што информираат од ЈП „Билјанини извори“, кое стопанисува со паркинзите во градот, околу 2 часот возило со голема брзина движејќи од правец на кружениот тек во центарот кон излезот од паркингот, удрило во рампите, кои се речиси целосно оштетени.

Штетата е голема. Едната рампа е уништена 100%, и ќе треба да се замени целосно, додека другата ќе биде оспособена и граѓаните непречено ќе може да ја користат. Додека не се санира штетата влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите. – ни изјави во телефонски разговор директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска.

OhridNews