Осум корпи за отпад на патеката кон Горица, синоќа, се оштетени од страна на несовесни поединци. Освен корпите, оштетен е и системот за наводнување на цвеќињата и зеленилото, информираат од ЈП “Охридски Комуналец”.
Ова не е прв пат хулигани да прават штета врз предметите на оваа патека и покрај бројните апели упатени за подигање на свеста и чување на јавните добра.
OhridNews