Непознати сторители пред десет дена во Охрид оштетиле грчки туристички автобус.
Инцидентот кој во јавноста мина незабележано , го обелодени градоначалникот Александар Петрески кој на промоцијата на грчко-македоснкиот проект “Духот на Охрид“ јавно им се извини на гостите од Грција.
„Го користам овој момент да упатам јавно извинување за инцидентот од пред десетина дена кога автобус од Грција беше оштетен во Охрид и се надевам дека полицијата ќе ги пронајде и казни сторителите“, рече Петрески. Тој изрази надеж дека инцидентот нема да влијае на посетеноста на Охрид од страна на грчките туристи кои како што рече секогаш се добредојдени.
Според МВР оштетувањето на автобусот било минимално, односно од страна непознат сторител била изгребана каросеријата на автобусот.
Г. Момироски